
Вардар и Силекс вчера играа натпревар од четвртфиналето на Купот на Македонија на Арената Тодор Проески, а таа набрзо повторно ќе биде затворена за натпревари.
Во сабота Вардар ќе ја пречека Беса на најголемиот стадион, а потоа Националната арена „Тодор Проески“ од недела ќе биде недостапна за домашните екипи поради реконструкција на тревнатата подлога. Работите се прават со цел стадионот да биде во оптимална состојба за квалификацискиот меч на Македонија против Велс на 25 март.
Ова значи дека Вардар и Работнички, кои своите натпревари ги играат на Градски, ќе мора да бараат алтернативни стадиони за своите домашни средби.
Загрижува фактот дека и покрај новиот тревнат терен кој беше поставен на Арената, продолжува праксата тој да биде затворен еден месец пред секој натпревар на националниот тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
