Трансферната сага со дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд, станува сè покомпликувана.
Како што е познато, англискиот репрезентативец е цел на европскиот гигант Реал Мадрид, кој веќе упати понуда до Ливерпул за услугите на фудбалерот. Меѓутоа, понудата за трансфер на дефанзивецот во јануари беше одбиена од управата на „црвените“.
Се очекува во следните денови Реал Мадрид да испрати нова понуда, но доколку и таа биде одбиена, „кралскиот клуб“ ќе се надева да го донесе Александар-Арнолд во текот на летото, кога се очекува тој да биде слободен играч.
Сепак, тоа можеби нема да се случи. Во моментов, Англичанецот води преговори за нов договор со Ливерпул, при што тој и неговите претставници поставиле две услови за да ја продолжат соработката и тој да остане на „Енфилд“.
Трент Александар-Арнолд побарал минимален договор од три години, како и капитенската лента на долг рок. Во моментов, тој е заменик-капитен на „црвените“, додека прв капитен е Вирџил ван Дајк.
Не е јасно дали желбата на Александар-Арнолд ќе влијае на преговорите на самиот Ван Дајк со клубот. Како што е познато, Холанѓанецот исто така е во последните шест месеци од својот договор и води разговори за негово обновување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal