
„Натпревари како овoj против Реал Мадрид засекогаш ќе останат во сеќавањата на навивачите, фудбалерите, тренерите и сите вработени во Лил“, изјави возбудениот тренер на тимот, Бруно Џенезио, по победата со 1-0 над актуелниот освојувач на трофејот во Лигата на шампионите, Реал Мадрид. Со оваа победа, Женезио стана само третиот тренер по Јирген Клоп и Диего Симеоне кој успеал да ги победи во Европа сите тројца великани на клупата, Пеп Гвардиола, Жозе Мурињо и Карло Анчелоти.
„Токму ова е причината зошто работиме во фудбалот – за да ги споделиме емоциите со нашите навивачи, во соблекувалната, со нашите семејства и со сите кои работат во клубот. Ова го прави спортот толку пријатен. Ова се моментите кои засекогаш ќе останат во нашите сеќавања“, изјави тренерот на Лил, цитиран на официјалниот веб-сајт на УЕФА.
„Лично за мене, најважните моменти што ги видов на овој натпревар се секундите по постигнатиот гол и по последниот свиреж на судијата. Моментот кога играчите отидоа да слават со навивачите и исто така минутите што ги поминавме во соблекувалната по завршувањето на натпреварот“, додаде тој.
Еден од најдобрите фудбалери на теренот беше играчот од средниот ред на Французите, Ајуб Буади, кој наполни 17 години на денот на натпреварот.
„Има ли подобар начин да го прославиш 17-тиот роденден од победа и одлична игра? Тој покажа колку е талентиран, го покажа својот потенцијал и за што е способен. Порано оваа сезона, Ајуб се опоравуваше од повреда на грбот, што малку го забави неговиот напредок, но сега сè му се исплатеше. Кариерата на многу фудбалери започнала од ваква вечер, кога сите ќе дознаат кој си“, изјави Женезио.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Евро-фудбал
Мбапе нема да игра и против Салцбург

Прва лига
Младиот Адонис Милај го засили Шкупи

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи
