
Tренерот на Лил, Бруно Џенезио, изрази голем респект кон Реал Мадрид и јасно истакна дека неговиот тим нема многу шанси против фаворитот на утрешниот натпревар во Лигата на шампионите.
„Утре играме против најдобриот тим на светот. Доколку загубиме, тоа ќе биде логично и сосема нормално. Сè освен пораз би било фантастично“, изјави Џенезио.
Лил во Лигата на шампионите започна со пораз од 0-2 на гости против Спортинг Лисабон во првото коло. Реал Мадрид ја започна својата сезона во ЛШ со победа од 3-1 против Штутгарт.
Бруно Џенезио го презеде Лил ова лето и досега го има водено францускиот тим во 11 натпревари оваа сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
