Борусија Дортмунд доживеа непријатен пораз (2-3) на домашен терен од Хофенхајм, а тоа сериозно ги разниша позициите на тренерот на „милионерите“, Един Терзиќ.
Германскиот весник „Билд“ наведува дека Терзиќ би можел да стане поранешен играч по еден од следните натпревари.
„Следните два натпревари против Унион Берлин и против Вердер се клучни. Доколку има барем еден пораз, нема да биде чидо ако Един Терзиќ добие отказ бидејќи едноставно веќе нема знаци за напредок во играта“, пишува „Билд“.
Борусија Дортмунд е во осминфиналето на ЛШ и ја очекува реванш меч против ПСВ Ајндховен.
„Доколку Терзиќ сепак се спаси и биде на клупата на натпреварот против ПСВ и стигне до четвртфиналето на Лигата на шампионите, неговата репутација значително ќе порасне“, истакнува германскиот медиум.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













