
Беласица по четири месеци оствари триумф, многу значаен, против Шкупи (2-0) и значително ги зголеми шансите за опстанок во елитата. Сега струмичкиот тим има 22 бода, два помалку од Силекс кој се наоѓа на осмата позиција која носи бараж за опстанок.
Работата на искусниот стратег Ѓоко Хаџиевски веднаш е воочлива во составот на Беласица. Тимот имаше неколку добри настапи, но бодовите изостанаа, се до вчерашниот триумф над Шкупи.
„Многу значајна победа која ја крева самодовербата и не носи многу поблиску до крајната цел – обезбедување опстанок во лигата. Ако зборуваме искрено, Беласица и на изминатите неколку натпревари играше добро, но изостанаа бодовите. Сега конечно успеавме да го грабнеме тоа што е наше и остваривме триумф. Бевме подобар тим, иако морам да напоменам дека и Шкупи има одличен состав. Има уште многу да се игра до крајот. Веруваме дека Беласица може да обезбеди опстанок. Конечно, со професионалната поставеност и со клупската политика, тоа Беласица и го заслужува“, вели Ѓоко Хаџиевски.
Беласица во следното коло кое е на програмата в среда, ќе му гостува на Работнички во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
