
Наби Кеита има голем пад во кариерата. Своевремено од него многу се очекуваше по доаѓањето во Ливерпул, но тотално потфрли, а сега продолжува многу лошо и во Германија. Тој е избран за најлош фудбалер во Бундес-лигата за минатата сезона.
Наби Кеита е фудбалер кој пристигна во Ливерпул во 2018 година како еден од оние кои требаше да бидат носители на играта на тимот во претходните години, но никогаш не го видовме во таква улога.
Следеше преселба во Вердер минатото лето, па овој репрезентативец на Гвинеја е прогласен за најлош играч во Бундес – лигата, со дури 25% од гласовите на навивачите.
Сигурно е дека следната сезона нема да го гледаме во Вердер бидејќи кон крајот на сезоната ја прекрши клупската дисциплина и беше исфрлен од тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
