Кристијан Трапановски ќе биде најновиот дебитант во репрезентацијата на Македонија, за претстојните натпревари против Фарски Острови и против Ерменија, на стартот од новото издание во Лигата на нации. По одличните игри во дресот на Данди Јунајтед на почетокот од оваа сезона, Трапановски доби повик од селекторот Благоја Милевски.
Покрај него, Данди Јунајтед објави дека повикан е и Давид Бабунски.
„Првпат играм во ист тим со Давид, кој е одличен фудбалер за што доказ се и десетте години минати во Барселона. Верувам дека вака заедно ќе играме за Македонија. Се надевам дека селекторот Милевски будно ги следи натпреварите на Данди за да види во колку добра форма сме двајцата“, изјави Трапановски пред неполн месец, кога потпиша за Данди Јунајтед.
Тој претходно играше одлично и во Шкупи, но не добиваше повик во националниот тим.
🇲🇰 Kristijan Trapanovski
— Dundee United FC (@dundeeunitedfc) August 23, 2024
🇲🇰 David Babunski
🇰🇪 Richard Odada
🇧🇶 Jort van der Sande
Four of #DUFC's first-team stars have been selected to represent their country during next month's international break 🌍
Read about what's in store for our globetrotters here! 👇
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski