Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, сепак одлучил да остане во клубот. Португалецот ќе продолжи да настапува за „црвените ѓаволи“ поради трансферот на играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Кашемиро. Двајцата беа соиграчи во мадридскиот клуб.
Во последните денови низ медиумите се вртеше дека Роналдо би можел да ја продолжи кариерата во Борусија Дортмунд, Спортинг Лисабон или Олимпик Марсеј.
Роналдо нема добар однос со менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, но е подготвен да остане во тимот. Тој смета дека доаѓањето на Кашемиро значително ќе го подобри тимот во наредниот период.
Кристијано Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед во август 2021 година, откако претходно играше за клубот од 2003 до 2009 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













