
Фудбалската репрезентација на Македонија со водство од 0-1 замина на одмор против Казахстан, на тешкото гостување во Астана, во квалификациите за Светското првенство 2026. Иако натпреварот започна изедначено, „црвено-жолтите“ беа тие што ја искористија шансата и дојдоа до водство преку искусниот Александар Трајковски.
И покрај тоа што селекторот Благоја Милевски беше отсутен поради суспензија, тимот изгледаше подготвено и фокусирано. Во почетниот состав се најдоа три нови имиња во однос на мечот со Белгија – Деспотовски дебитираше во одбраната, а Чурлинов и Трајковски добија шанса во нападот.

И двете селекции започнаа агресивно и со желба за доминација. Македонија прва се закани преку Елмас и Чурлинов, но голманот Сеисен успешно интервенираше. Казахстан возврати во 15. минута – Кенжебек биеше откосо, но ја погоди стативата.
Темпото потоа малку опадна, со бројни прекини и борба на средина, но возбудувањата се вратија околу 30. минута.Шамородов имаше идеална шанса за домаќините, но Столе Димитриевски реагираше сигурно. Само неколку минути подоцна, во 33. минута, следуваше казна – Трајковски маестрално биеше со волеј-удар и ја затресе мрежата на Казахстан.

Во 38. минута домаќините побараа пенал по еден дуел во шеснаесетникот, но по прегледот на ВАР-снимката, судијата не покажа на белата точка.
Македонија до крајот на првото полувреме го контролираше натпреварот и не дозволи сериозна опасност пред својот гол, носејќи го минималното водство на пауза – сосема заслужено.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер
