Connect with us

Трајковски со понуда од новиот прволигаш

Александар Трајковски во најскоро време ќе донесе одлука за својот иден ангажман, а една од опциите за македонскиот репрезентативец е и преселба во редовите на Лече. Новиот италијански прволигаш почна да го планира тимот за наредната сезона, а челниците на Лече во Трајковски гледаат идеално засилување за навалната линија.

Сицилијанските медиуми најавуваат дека првичниот контакт е воспоставен, а се очекува преговорите да бидат интензивирани во наредниот период. Палермо нема намера да ги задржи Трајковски и Несторовски бидејќи овој клуб ќе влезе со бодовна негатива во следната сезона, како дел од казната што му беше изречена поради финансиски малверзации на претходната управа. 

Лесно може да се случи Трајковски и Несторовски и во следната сезона да бидат тимски колеги, со оглед на фактот дека и Нестор-гол се наоѓа на листата со желби на раководството а Лече.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови