Александар Трајковски имаше победничко деби во Ла Лига откако Мајорка по голема битка триумфираше над екипата на Еибар со 2-1.
Македонскиот репрезентативец влезе во игра во 74. минута и веднаш му донесе среќа на својот тим, со оглед на фактот дека еден гостински дефанзивец веќе во следниот напад со несмасна интервенција си постигна автогол. Мајорка потоа умешно ја сочува предноста до самиот крај, за победничко враќање на овој клуб во елитното шпанско фудбалско друштво.
Трајковски е едно од последните засилувања на Мајорка, па се очекува по адаптацијата во новата средина тој да се наметне и за место во стартниот тим на овој шпански прволигаш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













