
Млад англиски фудбалер почина откако колабирал за време на натпреварот на ФА младинскиот куп во Нотингем. Дилан Рич, од Вест Бригфорд Колтс, бил пренесен во болница со амбулантно возило, откако наводно доживеал срцев удар и бил третиран со дефибрилатор за време на натпреварот на неговиот тим против Бостон Јунајтед во четвртокот вечерта.
Неговиот клуб „разорен и со скршено срце“ во неделата објави дека Рич починал по инцидентот. Во соопштението на Вест Бригфорд Колтс се вели:
„Со голема тага, по настаните од четвртокот вечерта, мораме да ја објавиме трагичната смрт на Дилан Рич. Оваа вест ги остави сите вклучени во нашиот клуб уништени од болка и со скршено срце. Нашите мисли и молитви се насочени кон неговите родители Мајк и Ана, семејството на неговата сестра Луси и Дилан, пријателите и соиграчите. Клубот би сакал да им се заблагодари на сите во Колтс и пошироката фудбалска заедница за стотиците искрени пораки и мисли што ги добивме изминатите неколку дена. Клубот ќе им ја даде целата поддршка на оние играчи и клупски претставници погодени од овој трагичен настан, но засега има само зборови на утеха, и ги молиме сите да ја почитуваат приватноста на семејството во ова неверојатно тешки мигови.“
Club Statementhttps://t.co/4dRDWlCHDf
— West Bridgford Colts FC (@wbcoltsfc) September 5, 2021

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
