
Новиот тренер на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, ќе го ослободи Нејмар во деновите околу 11 март, за да може и оваа година да присуствува на роденденот на неговата сестра во Бразил. Тој пет години едноподруго наоѓа начин да биде присутен на роденденската забава на сестра си, со која има исклучително блиски релации.
Покетино вели дека за еден менаџер најважно е да има добри односи со фудбалерите и тој ќе гледа да му излезе во пресрет на Нејмар.
„Ако научив нешто во овие 12 години откако сум тренер е фактот дека менаџерот мора да има добри односи со фудбалерите. Како што минува времето, јас сум и пофлексибилен за некои работи. Ќе видиме што ќе се случува и какви ќе ни бидат обврските“, изјави Маурисио Покетино на прашањето дали ќе му дозволи на Нејмар среде сезона да замине во Бразил.
Напаѓачот секоја година изнаоѓа начин да замине на роденденската забава на својата сестра, било да се работи за повреда или отсуство кој тој го „планира“ со добивање на жолти картони. Оваа година и пандемијата на коронавирусот очигледно нема да го спречи Нејмар да замина во Бразил.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal
