Легендата на Рома, Франческо Тоти, во интервју за „Скај Спорт“ објасни зошто големите италијански играчи како тој, Паоло Малдини и Алесандро Дел Пјеро моментално не работат во фудбалот.
„Зошто јас, Малдини и Дел Пјеро не сме во фудбалот? Затоа што големите имиња фрлаат сенка на сите други. Ако сте компетентни и важни, ова се случува. Постојано се зборува зошто не сум во Рома, но кога ќе исцедиш лимон, многу малку или ништо не излегува. Едноставно никој не ми се јавил“, одговори Тоти, кој призна дека малку му недостасува фудбалот.
Тој го коментираше и неуспехот на Италија на ЕВРО 2024.
„Ова лето не поминавме баш најдобро. Мислев дека Италија може многу подобро. Сега откривме дека играчите не беа најдобри на физички и на психички план и разбираме зошто тоа не успеа. Лучијано Спалети? Тренер и селектор се различни работи. Мислам дека ги сфати своите грешки. Самиот го кажа тоа и сега може да оди нагоре по победите во Лигата на нации“, додаде поранешниот репрезентативец на Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













