Франческо Тоти (48) е еден од најголемите италијански фудбалери на сите времиња. Целата кариера ја помина во Рома. За клубот од Рим постигна 307 голови на 786 натпревари и во 2001 година ја освои титулата шампион на Италија. Со клубот на својот живот освои уште два Купа и еден Суперкуп, а со Италија во 2006 година стана светски првак во Германија.
Тоти ја заврши професионалната кариера пред седум години, но сега размислува за враќање во фудбалот.
„Имаше клубови од Серија А кои ме повикаа. Признавам дека ме натераа да размислувам. Тешко е остварливо, но никогаш не се знае што ќе се случи во животот“, вели Тоти.
„Има играчи кои играа многу години по завршувањето на кариерата. Зависи и каде играш, но ако би се вратил во Серија А, морам да се подготвам добро“, додаде Тоти.
„Газета дело Спорт“ пишува дека оваа идеја не е толку несериозна. Тоти во последните месеци се обидуваше да се врати во Рома на некоја директорска позиција, но не успеа.
„За 2-3 месеци би бил подготвен. Сè уште играм со 48 години. Половина час, дваесет минути… Ако би направил нешто лудо, тоа би било во Италија, не во странство“, заврши Тоти.
Тој додаде дека никогаш не би прифатил понуда од Лацио, а спомена дека Интер е клубот кој го повикал. Тоти играше на позицијата полушпиц и напаѓач и во своето време беше еден од најдобрите фудбалери во светот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski