Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, воопшто не ја потценува Шкендија и ќе тргне со речиси најдобриот состав што го има во моментот на вечерашната пресметка против Шкендија во третото квалификациско коло од Лигата на Европа. Се разбира, без новите засилувања Герет Бејл и Серхио Регуилон кои не допатуваа во Скопје, но со Хари Кејн, Хјон-Мин Сон, Стивен Бергвајн…
На голот ќе биде Хуго Лорис, на страничните позиции ќе играат Мет Доерти и Бен Дејвис, а централни стопери се Тоби Алдерверелд и Ерик Даер.
Во средниот ред како дефанзивни играчи за врска ќе бидат поставени Хари Винкс и Пјер-Емил Хојбјерг, пред нив ќе цилкулира Деле Али, кој добива шанса по неколку меча пауза, а на крилните позиции се Хјонг – Мин Сон и Стивен Бергвајн. Најистурен во нападот е капитенот на англиската фудбалска репрезентација и еден од најдобрите напаѓачи во Европа, Хари Кејн.
Мечот меѓу Шкендија и Тотенхем е закажан за 20 часот, на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal













