
Англискиот премиерлигаш Тотенхем прави голема реконструкција ова лето. По заминувањето на Жозе Мурињо, кој доби отказ пред крајот на минатата сезона, раководството на „спарс“ е во потрага по нов менаџер.
По разговорите со Антонио Конте и со Рафа Бенитез, на крајот најблиску до клупата на Тотенхем е Пауло Фонсека, кој замина од Рома. Тој е во завршни преговори за да го преземе кормилото на англискиот тим, а веднаш би го ангажирал и првото засилување. Се работи за Маркус Турам, напаѓачот на Борусија Менхенгладбах за кого Тотенхем е подготвен да плати 40 милиони фунти.
Ова треба да биде „бек ап“ за евентуалното заминување на Хари Кејн. Тотенхем се обидува со сите сили да го задржи Хјонг – Мин Сон во тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal