Тотенхем започна преговори со Челси за потписот на играчот од средниот ред Конор Галагер. Последните денови се појавија информации дека 23-годишниот Англичанец е ставен на трансфер листата на „сините“ кои одредиле цена од 40 милиони фунти.
Двете страни веќе започнале сериозни разговори. Галагер е под договор со Челси до 2025 година, па тоа може да помогне во преговорите. Од почетокот на сезоната има забележано 23 настапи, во кои има четири асистенции и сѐ уште нема постигнато гол.
Во меѓувреме, Тотенхем е во потрага по купувач за Пјер-Емил Хојберг, кој не е дел од плановите на Анге Постекоглу. Претходно се шпекулираше дека Јувентус е заинтересиран за него, а како потенцијален нов клуб на Данецот се споменуваше и Атлетико Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













