
Тотенхем го финализираше потписот со шведскиот талент Лукас Бергвал. На денот кога наполни 18 години, офанзивниот играч за врска потпиша договор Тотенхем.
Договорот ќе стапи на сила на 1 јули, а ќе има важност во летото 2029 година.
Минатата сезона Бергвал одигра 40 натпревари во сите натпреварувања за Ѓургарден, постигнувајќи четири гола и две асистенции. Не така одамна, младиот фудбалер дебитираше и за шведската репрезентација.
„Тотенхем е голем клуб, а менаџерот е одличен и има одлични идеи за фудбалот. Во тимот има многу млади фудбалери кои се гладни за успех“, изјави Бергвал за официјалниот сајт на Тотенхем.
За играчот од средниот ред беше заинтересирана и Барселона, но тој повеќе сакаше да ја продолжи кариерата во Англија.
Тотенхем на Ѓургарден ќе му плати околу 10 милиони евра, а во клубот од северен Лондон, Бергвал ќе игра заедно со сонародникот Дејан Кулушевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
