Англискиот премиерлгаш Тотенхем е заинтересиран за играчот од средниот ред на Рома, Брајан Кристанте. „Ил Романиста“ тврди дека лондончани се обидуваат да додадат поголем квалитет во нивниот среден ред и го идентификуваа 28-годишниот играч на Рома како приоритетна цел.
Според информациите, Кристанте може да биде привлечен за понуда од 30 милиони евра. Тотенхем би ја платил оваа отштетна сума за него, а и фудбалерот би добил значително поголема годишна плата од сегашната во Рома.
Кристанте, кој е репрезентативец на Италија со 36 натпревари за „сквадра аѕура“, секако дека има техничка способност и физичка сила да се справи со потребите на англискиот фудбал. Тој може да биде совршено засилување за Тотенхем бидејќи има комбинација од искуство и квалитет.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













