Connect with us

Тотенхем сака да го купи Харис Сеферовиќ

Англискиот премиерлигаш Тотенхем сака да го доведе во Лондон напаѓачот на Бенфика Харис Сеферовиќ. Тој играше одлично за фудбалската репрезентација на Швајцарија на Европското првенство и го привлече вниманието на многу европски клубови.


Новиот менаџер на Тотенхем, Нуно Еспирито Санто, сака да има опција во нападот доколку Хари Кејн сепак одлучи да го напушти клубот. Раководството засега не му доволува да направи трансфер во Манчестер Сити кој е подготвен да плати 150 милиони евра.


Сеферовиќ го носи дресот на Бенфика од 2017 година, а претходно играше за Ајнтрахт Франкфурт, Реал Сосиедад, Фиорентина, Лече. Новара, како и за Ксамакс и за Грасхоперс во Швајцарија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови