
Тотенхем е заинтересиран за крилниот напаѓач на Лидс, Даниел Џејмс, тврдат медиумите на Островот. Лондончани размислуваат за понуда за 24-годишниот Велшанец во последните денови на преодниот рок. Тие сакаат да го земат на позајмица со задолжителна откупна клаузула вредна 20 милиони фунти.
Сепак, Лидс не сака да прифати таква зделка, туку сака да ја добие целата сума веднаш.
Џејмс беше донесен на „Иланд Роуд“ минатото лето од Манчестер Јунајтед и има четири гола и 5пет асистенции во 35 натпревари за Лидс. Тој е важен играч во плановите на менаџерот Џеси Марш, но со добра понуда клубот може да си дозволи да го продаде бидејќи веќе се засили со две нови крила, Брендан Аронсон и Луис Синистера.
Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, неодамна призна дека нема да донесе нови играчи доколку некој од сегашниот тим не замине во последните денови, пред затворањето на преодниот рок. Сепак, токму тоа е случај бидејќи Брајан Хил е на прагот на преселба во Валенсија, а се шпекулира дека Даниел Џејмс ќе биде негова замена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго
