Привремениот менаџер на Тотенхем, Кристијан Стелини, кој ја презеде функцијата откако Антонио Конте беше отпуштен, би можел исто така да биде разрешен. Раководството на Тотенхем размислува за промена на тренерското место откако Стелини го водеше тимот само четири натпревари.
Во четирите натпревари на Стелини, Тотенхем ремизираше со Евертон, го победи Брајтон со 2-1 на домашен терен, а потоа следеа пораз од Борнмут и дебакл (1-6) од Њукасл во неделата.
Тотенхем губеше со 5-0 по само 21 минута на дуелот со Њукасл.
Пред раководството на клубот има две опции. Едната е Рајан Мејсон да го замени Кристијан Стелини како привремен менаџер на тимот, а другата е назначувањето на постојан тренер да се случи порано отколку следната сезона како што беше планирано. Како најсериозен кандидат се споменува Џулијан Нагелсман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













