
Тотенхем ќе ја одбие и втората понуда од Баерн Минхен за напаѓачот Хари Кејн, пренесуваат медиумите на Островот. Се очекува фудбалерот да се приклучи на остатокот од тимот на лондончани за почетокот на претсезонските тренинзи в среда. Втората понуда на Баварците за Кејн беше вредна 80 милиони евра, плус бонуси.
Договорот на англискиот репрезентативец со Тотенхем е до јуни 2024 година. Првата понуда беше во рамките на 70 милиони евра плус бонуси, а беше одбиена на крајот на јуни.
Тотенхем бара најмалку 100 милиони евра за да го продаде својот капитен.
Шампионот на Бундес-лигата е во потрага по нов напаѓач откако минатата сезона имаше одредени проблеми на таа позиција. Германскиот весник „Спорт Билд“ минатата недела објави дека тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, го посетил Хари Кејн во Лондон во мај во обид да го убеди да им се приклучи на Баварците на лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора
