Тотенхем планира да ја активира клаузулата за продолжување на договорот на капитенот Хјонг-Мин Сон.
Тековниот договор на 32-годишниот Кореец истекува за шест месеци, што значи дека само за една недела ќе може да започне преговори со други клубови. Сон ја игра својата десетта сезона во дресот на Тотенхем, но сè уште нема освоено трофеј со клубот.
Шпанските гиганти Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, како и Манчестер Јунајтед, се заинтересирани за играчот. Одлуката на Тотенхем да го задржи Сон преку активирање на клаузулата е обид да се спречи губењето на една од нивните најголеми ѕвезди.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













