Англискиот премиерлигаш Тотенхем испланира како ќе го реформира тимот доколку ова лето остане без најдобриот фудбалер и капитен Хари Кејн. За него е заинтересиран шампионот Манчестер Сити, а Тотенхем би добил фантастични 187 милиони евра како обештетување.
Новиот менаџер Нуно Еспирито Санто веќе има план како да ја пополни навалната линија. Негова желба е Душан Влаховиќ, српскиот интернационалец кој го носи дресот на Фиорентина.
За него Тотенхем е подготвен да плати 70 милиони евра, се разбира, дури откако на сметката на лондонскиот клуб би легнале парите од евентуалната продажба на Хари Кејн.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













