Тотенхем и Манчестер Јунајтед покажуваат сериозен интерес за напаѓачот на Пари Сен Жермен, Рандал Коло Муани. Двата клуба размислуваат да го ангажираат францускиот репрезентативец на позајмица до крајот на сезоната.
Интерес за Коло Муани постои и од други клубови од Премиер – лигата, како и од Јувентус.
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, сè поретко му дава шанса за настап на Коло Муани, па клубот е подготвен да се раздели со него доколку пристигне соодветна понуда. Парижаните веќе одбија понуда од Монако, бидејќи не вклучувала опција за трајно откупување. ПСЖ има за цел да си врати дел од средствата што ги вложи во неговото доведување.
Коло Муани пристигна во Париз од Ајнтрахт Франкфурт минатото лето за трансфер вреден 90 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













