Корејскиот интернациооналец Хјонг – Мин Сон го продолжи договорот со Тотенхем. Тој ќе остане во редовите на лондонскиот клуб уште четири години, поточно до летото 2025 година. Ова ги отстрани сите шпекулации за негов евентуален трансфер.
За навивачите на Тотенхем, ова е радосен свет по „бомбата“ што одекна утринава дека Хари Кејн го напушта клубот и ја продолжува кариерата во Манчестер Сити.
Хјонг – Мин Сон се приклучи на Тотенхем во 2015 година од Баер Леверкузен и се промовираше во еден од клучните играчи на Тотенхем. Со оглед дека потпиша договор до 2025 година, тоа значи дека Сон ќе мине една деценија во лондонскиот тим и сака да остави белег како една од легендите на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













