Connect with us

Тотенхем го „лови“ Мемфис Депај пред очите на Јувентус

Тотенхем е во напредни преговори со Барселона за напаѓачот Мемфис Депај, кој до неодамна важеше за „сигурно“ ново засилување за Јувентус. Според „Газета дело спорт“, директорот на Тотенхем, Фабио Паратичи, контактирал со челниците на Барселона за трансферот на Холанѓанецот.


Англискиот премиерлигаш Тотенхем беше подготвен да плати 14 милиони евра за напаѓачот, но сега има можност да го земе без пари.

Агентите на Депај преговараат со Барселона да го раскинат договорот со напаѓачот и да му дозволат да си замине како слободен играч, откако од клубот му кажаа дека не е дел од плановите на Чави Хернандез и мора да најде друг тим.

Тотенхем е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот ова лето. Антонио Конте досега ангажираше шест нови играчи. Иван Перишиќ, Ив Бисума, Клемен Ленгле, Џед Спенс, Ришарлисон и Фрејзер Форстер пристигнаа во Северен Лондон и треба да му дадат длабочина на тимот на Антонио Конте.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови