Италијанскиот стратег Антонио Конте сака сериозно да го засили тимот на Тотенхем, а негова најголема желба е Антоан Гризман, пренесуваат медиумите на Островот.
Гризман летово од Барселона се врати во Атлетико Мадрид на позајмица, но има договор со каталонците до 2024 година. Поради неговата висока плата, ниту Атлетико нема да го откупи на крајот на сезоната, а тука шансата ја гледа Тотенхем.
Англискиот клуб би можел да го добие Антоан Гризман за околу 40 милиони евра, а нема да има проблем со неговата плата.
Доколку потпише со Тотенхем, тоа би била прва одисеја на Гризман надвор од Шпанија, каде во изминатите 15 години ги носеше дресовите на Реал Сосиедад, Барселона и на Атлетико Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













