Connect with us

Тотална „чистка“ во ПСЖ, си одат и Ал-Келаифи и Леонардо?

Францускиот гигант Пари Сен Жермен доживеа елиминација од Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите, а тоа значи и дека комплетната сезона е неуспешна. Приоритетот на челниците на ПСЖ беше да го освојат трофејот во елитното европско клупско натпреварување со оглед на огромните вложувања во тимот.

Ова може да донесе огромни промени на „Паркот на принцовите“. Претседателот Насер Ал-Келаифи веднаш беше повикан во централата во Доха и можно е да биде отповикан од функцијата на крајот од сезоната.

Со него би заминале и спорскиот директор Леонардо и тренерот Маурисио Покетино. Аргентинскиот страгег од поодамна е во немилост и на фановите на клубот, но се чини дека голема вина сносат и раководните луѓе.

Во ПСЖ се подготвува голема „чистка“ и во играчкиот кадар. Килијан Мбапе најверојатно ќе замине во Реал Мадрид, а сигурен статус немаат ниту Лионел Меси и Нејмар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови