Connect with us

Тотален пресврт за Кристијано Роналдо во Јувентус

Роналдо не блескаше во претходната сезона во која Јувентус остана без „скудетото“ по девет години доминација, а во Лигата на шампионите овој клуб повторно не направи ништо значајно.


Португалецот има договор со Јувентус до летото следната година и во претходните недели се шпекулираше дека може да го напушти клубот. Тој се поврзуваше со ПСЖ и со Манчестер Јунајтед, но се чини дека ништо од ова нема да се реализира. Исто така, се шпекулираше дека тој би можел да се врати во Спортинг Лисабон, но јасно е дека сè уште не е дојдено време за тоа.

Италијанскиот весник „Газета дело спорт“ денеска пишува дека имало пресврт меѓу Јувентус и Роналдо. Наводно, „старата дама“ сака Роналдо да остане бидејќи Масимилијано Алегри сепак го гледа во неговите планови.

Алегри не сака Јувентус да го продаде Роналдо затоа што верува дека може да изгради тим околу него. Клубот дури подготвил и нов договор за Португалецот до летото 2023 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови