
Во Трабзон се случија неверојатни сцени и потполн хаос по натпреварот меѓу домашната екипа и Фенербахче. Домашните хулигани ги нападнаа фудбалерите на Фенербахче и на теренот се случи вистинска ММА тепачка.
Гостите од Истанбул на теренот славеа победа. Ова очигледно ги револтираше домашните навивачи кои решија да истрчаат на теренот и физички да се пресметаат со нив.
📌 Maç sonunda Trabzonspor taraftarı Fenerbahçeli futbolculara saldırdı! #TSvFB pic.twitter.com/DNT9DLgRmM https://t.co/bpHIleW2DL
— 23 DERECE (@yirmiucderece) March 17, 2024
Следеа сцени на целосен хаос во кои дури и играчите на Фенербахче останаа без одговор. Тие едноставно мораа да се одбранат од хулигански напад.
Нигериецот Брајт Осај-Самуел и Мичи Батшуаи ги покажаа своите боксерски способности.
По хаосот, коментар даде и Енис Барди.
„Би сакал да зборуваме за фудбал бидејќи ние сме фудбалери, ова што го правиме на теренот ни е работа. За жал, се случија лоши работи во финишот, но сметам дека никој не треба да провоцира на начин на кој што тоа го направија фудбалерите на Фенербахче. Тие провоцираа со прославата на теренот, по што навивачите реагираа и влетаа… Третиот гол на Фенербахче беше постигнат по чист прекршок на гостите, не разбирам зошто не беше досуден“, изјави Барди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
