Connect with us

„Топчиите“ ја наполнија мрежата на Челси (ВИДЕО)

Лондонските ривали имаа претсезонска пресметка во Орландо, а Арсенал го декласира Челси со 4-0. Уште еднаш се потврди дека тимот на Томас Тухел ќе мора многу да работи на реновирање на одбраната, а дебитираше и новото засилување Калиду Кулибали. Сепак, „топчиите“ ја наполнија мрежата на градскиот ривал.

Габриел Жесус постигна гол и на овој натпревар отворајќи го резултатот во 15.минута, а Мартин Одегард зголеми на 2-0 во првиот дел.

Бакајо Сака продолжи со трет гол во второто полувреме, а серијата ја затвори Алберт Самби Локонга.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови