Германскиот интернационалец Тони Крос изјави дека сака да ја заврши кариерата во Реал Мадрид каде игра од 2014 година и дека не размислува за друг трансфер пред да се пензионира.
„Јасно кажав дека сакам да ја завршам кариерата тука“, изјави Крос за „Скај Спорт“.
„Кога точно? Сè уште не можам да одговорам на тоа прашање. Можеби во 2023 година, можеби година или две подоцна, не знам“, додаде трикратниот освојувач на Лигата на шампионите со Реал Мадрид.
Крос, кој го освои Светското првенство во 2014 година со Германија, наведе три критериуми кои ќе бидат клучни за донесување одлука за крај на кариерата:
Треба сè уште треба да играм на високо ниво. Моето тело треба да може да го издржи тоа. Желбата и мотивацијата мора да бидат присутни. Ако има се, ќе можеме да разговараме, а ако не, имам договор до 2023 година“, потенцира Германецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













