Connect with us

Тони Крос ќе остане во Реал Мадрид до 2025 година

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос,се согласи да потпише нов договор со клубот.


„Ќе останам во Реал Мадрид уште две години“, изјави Крос по синоќешниот триумф во Лигата на шампионите.


Крос е во Реал Мадрид од јули 2014 година. Актуелниот договор на играчот со клубот има важност до јуни 2023, а новата зделка треба да се склучи до 2025 година.


Претходно беше објавено дека Реал Мадрид му понудил на Крос да го продолжи договорот до 2024 година, но германскиот фудбалер побарал време за размислување.


Во сезоната 2021/2022, 32-годишниот германски играч од средниот ред одигра 28 натпревари во Ла Лига, со ефект од еден гол и три асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови