Раководството на Брегалница е задоволно што спортски Штип ќе има можност да ужива во квалитетен фудбал во полуфиналето од Купот на Македонија против една од најдобрите македонски екипи, Академија Пандев.
Огромен е респектот во таборот на Брегалница кон Академија Пандев, иако сосема јасно огромна е и желбата за пласман на „сините“ во своето прво финале во најмасовното домашно клупско натпреварување.
„Добивме еден навистина силен противник, една од најдобрите екипи во македонскиот фудбал која негува офанзивен фудбал, и актуелен бранител на трофејот во Купот. Верувам дека ќе бидат два квалитетни натпревари, а секако нашата желба е пласман во финалето“ – истакна спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев, по денешната ждрепка во ФФМ.
Првите полуфинални натпревари се играат на 8. април во 15:30 додека реваншите се закажани за 6. мај од 15 часот. Во второто полуфинале ќе се сретнат Струга Трим Лум и Шкендија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













