Сандро Тонали (23) би можел да добие едногодишна забрана за играње фудбал поради обложување и коцкање. Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ пишува дека играчот од средниот ред на Њукасл се обложувал на натпреварите на неговиот поранешен клуб Милан.
Италијанскиот играч за врска играше за Милан од есента 2020 година до летото 2023 година и во тој период се обложувал на своите натпревари.
„Тонали се обложувал на натпреварите на Милан додека беше клучен играч таму, но тоа не ги промени конечните резултати. Во секој случај, Тонали може да добие едногодишна забрана за играње фудбал“, пишуваат Италијанците.
Тонали летово дојде во Њукасл од Милан за 64 милиони евра и досега има десет настапи за својот нов клуб.
На фудбалерите во Италија им е забрането да се обложуваат на натпревари организирани од Италијанската фудбалска асоцијација, УЕФА и ФИФА и им е забрането директно или индиректно да се обложуваат, а оние кои ќе го прекршат правилото се соочуваат со парична казна не помала од 25.000 евра и забрана за играње фудбал до три години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













