Италијанскиот фудбалер Сандро Тонали ќе може да се врати на терените во Премиер лигата по истекувањето на неговата суспензија, која завршува на 27 август. Тој ќе биде достапен за Њукасл од третото коло, а може да биде во составот на Еди Хау за натпреварот на 1 септември против Брајтон.
„Клубот доби официјална потврда од Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) дека суспензијата на нашиот играч истекува на 27 август,“ објави Њукасл во соопштение.
Тонали беше суспендиран од страна на ФИГЦ во октомври минатата година на десет месеци поради прекршување на правилата за обложување. Тој пристигна во Њукасл во јули 2023 година од Милан за 70 милиони евра, но досега има одиграно само 12 натпревари за клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













