Македонскиот играч од средниот ред, Томче Гроздановски, ја продолжува својата кариера во странство, откако стави потпис на едногодишен договор со романскиот второлигаш Конкордиjа.
Станува збор за клуб со амбиции за влез во елитната Лига 1, а договорот на Гроздановски предвидува автоматско продолжување за уште една сезона, доколку Конкордија обезбеди промоција.
25-годишниот Гроздановски досега беше дел од македонскиот прволигаш Силекс, а претходно настапуваше и во странство – во словачкиот Злате Моравче и хрватскиот Дугопоље.
Тој е поранешен стандарден член на младата репрезентација на Македонија (У21), а има забележано и повик за сениорската А-селекција.
Трансферот претставува нов предизвик за фудбалерот кој веќе има солидно меѓународно искуство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













