Connect with us

Томас Тухел е нов тренер на Баерн Минхен, ќе го води до 2025 година

Џулијан Нагелсман не е веќе тренер на Баерн Минхен, а на негово место Баварците го назначија Томас Тухел, официјално објави германскиот гигант.


Во соопштението за медиумите на Баерн Минхен се наведува дека одлуката за смена на Нагелсман ја донеле генералниот директор Оливер Кан и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ во договор со претседателот на клубот, Херберт Хајнер.

Тухел потпиша договор со Баерн Минхен до крајот на јуни 2025 година, а првиот тренинг со новиот тим ќе го одржи в понеделник.

Нагелсман му се приклучи на Баерн во летото 2021 година, а 35-годишниот тренер со Баварците ја освои Бундес – лигата и два Суперкупа.

Што се однесува до 49-годишниот Тухел, неговата последна работа беше во Челси, со кој се раздели во септември минатата година и го донесе трофејот во Лигата на шампионите во 2021 година на витрините на „сините“.

Покрај Челси, Тухел беше тренер на Пари Сен Жермен со кој стигна до финалето во Лигата на шампионите и освои две титули во француската лига, а претходно беше тренер на Борусија Дортмунд и на Мајнц.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови