Фудбалската асоцијација на Англија започнала преговори со претставници на Томас Тухел за позицијата селектор на „трите лава“, објавува ексклузивно „Скај Спортс“. Германецот е без работа од мај, кога официјално се раздели со Баерн Минхен.
Последниве денови, медиумите на Островот тврдат дека ФА ги засилила напорите за пронаоѓање нов селектор на националниот тим. Причина за тоа се последните две нестабилни изданија на тимот во Лигата на нациите, како и нејасните информации од Ли Карсли, кој навестил дека не сака да остане на чело на Англија.
Во моментот, Томас Тухел е главен кандидат и фаворит на раководството на ФА за позицијата. Голем плус за неговата кандидатура е желбата на стратегот веднаш да започне со работа.
Голема желба на челниците на англиската фудбалска федерација останува Пеп Гвардиола, но Шпанецот и понатаму испраќа контрадикторни сигнали за својата иднина и засега не сака да преземе конкретни обврски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













