
Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Томас Парти, му соопштил на раководството на клубот дека сака да замине во јануари за да проба нешто ново во кариерата. 30-годишниот Ганаец има договор со лондончани до 2025 година, а интерес за него покажува италијанскиот калчолигаш Јувентус.
Парти е во својата четврта сезона во Арсенал, откако беше ангажиран од Атлетико Мадрид за 45 милиони фунти. Досега одигра 104 натпревари за „топчиите“, но во тој период имаше девет повреди поради кои пропушти повеќе од 50 натпревари на тимот.
По потпишувањето на Деклан Рајс, Ганецот чувствува дека неговите шанси за настап ќе стануваат сè помали и тоа е една од главните причини поради кои сака да го напушти Арсенал.
Во летото Ал-Ахли беше заинтересиран за Томас Парти, но тој одби да замине во Саудиска Арабија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Матеј Гаштаров дебитираше за сениорскиот тим на Црвена Звезда

Интернационалци
Серафимов потпиша за Левски
