Дванаесеттото коло во Првата лига го носи и „вечното македонско дерби“. Дуелот меѓу Пелистер и Вардар е закажан за 17:00 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
Домаќините инспирирани секогаш кога Вардар пристигнува во Битола, а гостите пак секогаш со желба да освојат бодови кај големиот ривал.
„Нормално дека ова е посебен меч ако се гледа историјата, традицијата и сѐ што двата клуба носат со себе. Секој играч сака да биде дел од вакво дерби, па нормално и јас. Се надевам на одлична атмосфера, на добар дуел, на сѐ што меч со предзнак дерби носи со себе.
Пелистер е квалитетен, неговата позиција на табелата не нѐ залажува, напротив. Домаќинот е максимално мотивиран тоа го знаеме ние добро. Како што знаеме добро и за што е способен тимот на Вардар во моментов. Способен е да одигра на највисоко ниво кога е најпотребно, да покаже зошто е на самиот врв на табелата, зошто има амбиции да ја освои титулата… Ваквите дуели го носат оној „икс“ фактор во себе кој што те носи и те тера да дадеш и 200% од силата. Се надеваме на поддршка секако и од нашите навивачи кои ќе пристигнат во Битола“, вели првотимецот и еден од капитените на Вардар, Димитар Тодоровски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













