
Хорхе Сампаоли доби отказ по само пет месеци на клупата на славниот Фламенго.
Бразилскиот клуб му врачи отказ на аргентинскиот тренер по неуспехот во финалето на Купот против Сао Паоло.
Тоа беше „последната капка“ по елиминацијата на Фламенго во осминафиналето на Копа Либертадорес против парагвајска Олимпија од Асунсион.
Неговиот договор беше со важност до декември следната година, па Фламенго ќе треба да му плати отштета од речиси 2.000.000 евра.
Бразилските медиуми најмногу пишуваат дека нов тренер на тимот од Рио де Жанеиро треба да биде доскорешниот селектор на Бразил, Титe.
Искусниот стручњак е без работа од крајот на минатата година, кога се повлече од клупата на репрезентацијата откако беше елиминиран во четвртфиналето на Светското првенство во Катар од Хрватска.
Тите го предводеше Бразил и на Светското првенство во Русија во 2018 година, а исто така беше запрен таму во четврт-финалето од Белгија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal