Тимо Вернер пристигнува во Тотенхем. Тој се согласи на позајмица до крајот на сезоната.
Лајпциг и Тотенхем се во завршни преговори и во текот на денот ќе се договорат за висината на евентуалниот откуп на лето, но таа нема да биде обврзувачка.
Германецот веќе ги спакувал куферите, го напушти тренинг кампот на Лајпциг и чека зелено светло за патување во Лондон на медицински прегледи и потпис.
Вернер играше за Челси, но се врати во Лајпциг по неуспешните две години на „Стемфорд Бриџ“.
Сепак, тој сега не е во преден план ниту во Лајпциг, па позајмица е најдоброто решение.
Вернер ќе биде многу важен за Тотенхем во текот на јануари и првата половина на февруари кога Сон ќе отсуствува поради Купот на Азија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













