Македонскиот второлигаш Тиквеш го одработи последниот тренинг во Кавадарци и тргна на пат за Скопје, каде утре (16 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го игра бараж натпреварот против Силекс за пласман во прволигашка конкуренција.
Избраниците на Пане Блажевски се максимално мотивирани да се пласираат во елитата, изминатите денови добија поддршка од фановите, како и од ветераните на клубот и од општинската структура на чело со градоначалникот Митко Јанчев.
„Ниту ги преценуваме, ниту ги потценуваме. Силекс е квалитетна екипа, но и ние веруваме во нашите можности“, порача тренерот Пане Блажевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













