Connect with us

Тиквеш и Скопје во жестока борба за опстанок

Прволигашката програма од 22.коло, последно од вториот круг на натпреварувањето, денеска (14 часот) ја отвораат Тиквеш и Скопје. Тоа е интересен дуел во борбата за опстанок, со оглед дека двете екипи ги делат само три бода на првенствената табела. Доколку Тиквеш победи, ќе го прескокне Скопје на табелата.


Кавадарчани веруваат во позитивен епилог и три освоени бода од овој натпревар. Скопје по поразот (0-1) на домашен терен од Работнички ќе се обиде да се издигне и да оствари добар резултат.

Останатите натпревари од 22. коло во Првата лига се играат утре, а се среќаваат: Академија Пандев – Борец, Струга ТЛ – Македонија ЃП, Работнички – Шкендија, Брегалница – Пелистер, Ренова – Шкупи.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови