Македонскиот второлигаш Тиквеш го објави ангажманот на младиот дефанзивец Стефан Костов. Тој е најновото засилување на ГФК Тиквеш 1930 во пресрет на вториот дел од сезоната во Втората лига Исток.
Костов досега ги бранеше боите на Академија Пандев и треба да биде големо засилување за кавадарчани на стоперските позиции.
Претходно, Тиквеш како свои нови засилувања ги промовираше и Филип Костовски и Едиз Спахиу.
Денеска Тиквеш одигра пријателски натпревар со Вардар Неготино и победи со 4-1. Два гола постигна Симеон Христов, по еднаш стрелаа Едиз Спахиу и Петар Љамчевски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski